Калкулаторот не работи на Google Chrome 24.0.1312.52. (Mozilla/5.0 (X11; Linux i686) AppleWebKit/537.17 (KHTML, like Gecko) Chrome/24.0.1312.52 Safari/537.17) Пробав и на некоја Windows верзија, истиот проблем го има:
Не се прикажуваат пресметаните вредности, нема никакви error пораки. Незнам дали angular не работи на Chrome, ама секако, би требало некаде да се направи fallback метод за вакви случаи.
Финансиски пресметки треба да се прават со „Decimal“ броеви, а не со „Float“.
во float 0.1 + 0.2 не е баш еднакво на 0.3
Decimal типот на бројки складира точно онолку децимали колку се потребни во пресметките во финансискиот систем и заокружувањето се прави при секоја пресметка според тие стандарди. Кај нас се тоа веројатно 2 децимали.
Изгледа дека има проблем со пресметката на НЕТО/БРУТО за високи плати:
Внесувам НЕТО: 1000000 се пресметува БРУТО: 1520924
Внесувам БРУТО: 1520924 се пресметува НЕТО: 1237086 (очекувам да е 1000000 според тоа претходно)
Внесувам НЕТО: 1237086, се пресметува БРУТО: 1881785 ...
Се извинувам ако се работи за погрешно разбирање од моја страна...
Поздрав
ПС: Со оглед на фактот што во 2016 највисоката нето плата во МК била 225.000 евра не е лошо да се пресмета колку е персоналецот :)
согласно соопштението на Државниот завод за статистика просечна бруто плата што ќе се користи за пресметка на даноците и придонесите за цела 2013 година изнесува 30.595,00.
Минималната основица за пресметка на придонеси изнесува (30.595,00 x 50% = 15.298,00)
Максималнтаа основица за пресметка на придонеси изнесува (30.595,00 x 6= 183.570,00)
Личното ослободување за 2013 година изнесува 7.269,00 денари.